Австралиец со грчко потекло ќе биде новиот тренер на Тотенхем

Фото: EPA-EFE/DAN HIMBRECHTS

Според последните информации кои пристигнуваат од Островот, Австралиецот со грчко потекло Анге Постекоглу ќе биде новиот тренер на Тотенхем.

Тотенхем зад себе има една лоша сезона во која не успеа да се избори за место во европските натпреварувања, па Постекоглу ќе има навистина тешка задача да ги врати работите на свое место во редовите на „петлите“.

Постекоглу сезоната ја заврши во Селтик кој го водеше со голем успех и експресно успеа да ја врати титулата, но и да ја продолжи доминацијата во шкотското првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот