Аврамоска-Мадиќ: Распуштањето на Советот на јавни обвинители и Судскиот совет со измени на закон е надвор од Уставот
Поранешната заменик министерка за правда, Викторија Аврамоска- Мадиќ во интервју за „Слободен печат“ се осврна на програмата на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.
Препорачано
-Јас можам да го коментирам делот од Програмата кој се однесува на правда и правосудство и таму она што го зборуваа пред избори го имаат внесено во Програмата и велат дека во првите 100 дена тоа ќе го спроведат, особено во делот на решавање на корупцијата во судството а ќе тргнат во разрешување на двата органи, судскиот совет и советот на јавни обвинители. Јас никогаш нема да се сложам со тоа и верувам дека голем број експерти со ова нема да се сложат. Распуштањето на Судскиот совет и Советот на јавно обвинители со донесување на закон надвор од Уставот и спротивно на Уставот, бидејќи не можеш со завршни и преодни одредби да го прекинеш мандатот на луѓе кои се избрани дел на непосредни избори од судии и обвинители, а дел се избрани од Собранието“ -вели Мадиќ.
Таа смета дека со тоа ќе се направи еден опасен преседан во државава.
„Тоа значи дека за секоја друга комисија, па дури и за Уставен суд, ќе може да се донесе во Собрание закон и да се прекине мандатот на сите“ посочи Аврамоска-Мадиќ.
Целото интервју погледнете го во продолжение:


