Авганистанец уапсен бидејќи пренесувал мигранти од Грција во Македонија и наплаќал за услугата
Полицијата вчера во Гевгелија го приведе С.З. (26) од Авганистан, кој претходно бил затекнат со уште четири лица мигранти – двајца од Сиера Леоне и двајца од Конго. По преземени мерки, МВР информира дека било констатирано оти С.З. ги пренесувал лицата преку државната граница од Грција во Македонија и за тоа им наплаќал.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
На 15.06.2023 околу 20 часот во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода С.З.(26) од Авганистан. Претходно, на ул.„Маршал Тито“ во Гевгелија, тој бил затекнат со уште четири лица мигранти (двајца од Сиера Леоне и двајца од Конго) и по преземени мерки било констатирано дека С.З. ги пренесувал лицата преку државната граница од Република Грција во Република Северна Македонија и за тоа им наплаќал – соопшти МВР.
Мигрантите биле спроведени во прифатно – транзитен центар Винојуг, а С.З. бил задржан во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


