Авганистанците од страв не се ни стрижат ни бричат, фризерските салони во земјата пропаѓаат

Авганистанците од страв од талибанците повеќе не се шишаат и бричат/ Фото Youtube Screenshot

Надер Шах, фризер од Херат, бил навикнат да ги шиша младите Авганистанци со најмодерните светски фризури, но тоа се промени откако талибанците дојдоа на власт.

Авганистанците не сакаат да трошат пари во фризерските салони од страв дека тие ќе бидат казнети поради модерните фризури.

„Луѓето доаѓаа кај мене и бараа секакви фризури, но тоа веќе не е така“, рече 24-годишниот Шах за АФП, во својот салон во третиот по големина авганистански град.

„Тие повеќе не ги бричат ни ​​брадите, а тоа сега е уште еден проблем“.

За време на претходниот талибански режим, од 1996 до 2001 година, движењето имале забрането „екстравагантни фризури“ и инсистирале мажите да имаат брада.

По нивното соборување, во Авганистан еден маж да се избричи значи да се биде модерен, дури и во релативно космополитскиот западен град Херат.

Шах е фризер и бербер, вработен 15 години, од својата рана младост, а тој за АФП изјавил дека пред да дојдат талибанците заработувал по 15 долари, а сега тоа се намалило меѓу пет и седум долари.

„Откако талибанците ја зазедоа земјата, луѓето плаќаат помалку“

Во соседната населба, 32-годишниот Мухамед Јусефи вели дека мора драматично да ги намали цените за да ја отвори својата берберница-од шест долари за фризура на само еден долар.

„Поради ситуацијата со талибанците, клиентите доаѓаат кај нас поретко и плаќаат помалку. Откако тие ја зазедоа земјата, одеднаш луѓето посакаа да личат на нив. Не е дека талибанците не се во мода, но луѓето не ги бричат ​​брадите затоа што не сакаат да ги казнат“, истакна Јусефи.

Иста е ситуацијата и во берберницата на 36-годишниот Али Реза.

“Претходно, младите доаѓаа на секои две недели за да се шишаат и бричат ​​и тие беа среќни. До неодамна, мојот приход беше одличен, а сега е далеку од тоа“, се пожали тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот