Авганистан, Мексико, Сомалија… Држави во кои не е препорачливо да патувате

Патувањата нè исполнуваат со среќа и животно искуство, но тоа во голем дел зависи и од изборот на дестинација.

Одредени земји од светот, иако ви се чинат како возбудливи, може да бидат навистина ризични за вас.

Затоа размислете двапати пред да тргнете во некоја од следниве држави:

Авганистан

Иако Авганистан располага со прекрасни пејзажи и живописна природа, сепак голем дел од државата е воена зона и е цел на терористички напади. Вашиот одмор таму може да биде многу ризичен.

Северна Кореја

Иако е фасцинантна земја, условите за туристите се премногу строги и дури и при најситна грешка може да бидете уапсени или парично казнети.

Сомалија

Оваа држава често се поврзува со нелегална трговија со оружје, трговија со луѓе и важи за небезбедна земја каде луѓето во најголем дел живеат во субстандардни услови.

Сирија

Некогаш била навистина прекрасна држава, но во денешни услови таа е воена зона во која нападите на терористичките организации никогаш не престанале.

Хаити

По катастрофалниот земјотрес пред неколку години, Хаити е земја каде ситуацијата е најнежно кажано, патетична. Луѓето и властите сè уште не можат да се изборат со материјалната штета, а подрачјето е трусно и може во секој момент да се повтори таков потрес.

Хондурас

Држава со егзотични плажи и национални паркови, но и со висока стапка на криминал. Тие имаат и сериозно голем број убиства годишно, а нарко-картелите демнат од секоја страна.

Венецуела

Венецуела е држава која моментално (едвај) преживува сериозна економска и политичка криза. Не дозволувајте да бидете привлечени од прекрасните планини, водопади и плажи, бидејќи таму воопшто не сте безбедни.

Мексико

Стапката на организиран криминал во Мексико секој ден е сè поголема, па размислете внимателно дали воопшто би се доближиле до границите, а не па да влезете во државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот