АУТИСТИЧНО ДЕТЕ ИСЧЕЗНАЛО НА БОЖИЌ: Еден ден подоцна било пронајдено мртво во езеро (ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Телото на мртво 5-годишно аутистично дете кое исчезнало за Божиќ е пронајдено вчера во езеро недалеку од местото каде последен пат било видено, изјавила полицијата во Мичиген.

Боу Белсон исчезнал оваа среда околу 2.30 попладне од куќата на својата баба додека играл во дворот со фамилијата во Сикс Лејкс во Мичиген.

Пронајден бил во замрзнато езерце на околу 15 метри оддалеченост од куќата од која исчезнал. Полицијата не е сигурна дали детето паднало во езерцето или само влегло во него. Истрагата е во тек, но засега нема докази за тоа дали станува збор за сомнителна смрт.

„Ќе ја продолжиме истрагата и ќе се обидеме да утврдиме од која причина завршило детето во вода“, рекле од полиција.

Несреќното дете било аутистично, но можело да комуницира со околината. Во потрагата учествувале околу 1.000 волонтери кои го барале од средата навечер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот