АУДИО| Објавена аудио снимка од повикот за помош за Метју Пери
Повикот на бројот 911 упатен до властите за помош од домот на Метју Пери во Лос Анџелес ноќта кога тој умрел укажува на „давење“ непосредно пред да пристигнат првите одговорни лица за да го најдат актерот без знаци за живот во џакузито во неговиот дом, пренесува „Индепендент“.
Препорачано
Пери, актерот најпознат по улогата на Чендлер Бинг во серијата „Пријатели“, беше пронајден мртов во неговото џакузи во неговиот дом во саботата. Тој имаше 54 години.
Безживотното тело на Пери го нашол неговиот личен асистент, кој веднаш се јавил на 911. Во аудиото од повикот за помош, до кое стигна „ТМЗ“, може да се слушне човек како вели: „Агент 23. Спасување 23. ЕМС 9 на радио. Одговор на давење“. Другите делови од 16-минутниот клип се цензорирани.
Официјалната причина за неговата смрт сè уште е под истрага.
Кога брзата помош пристигнала во неговиот дом, го пронашле Метју Пери во несвест во џакузито. Причината за неговата смрт засега не е официјално соопштена од лекарскиот вештак. Актерот почина во саботата на 28 октомври на 54-годишна возраст.
ФОТО | Детали за смртта на Метју Пери, пред неговата куќа татко му и полицијата
ФОТО | Потресни сцени пред домот на Метју Пери: Телото на актерот изнесено од неговата вила
ФОТО | Детали за смртта на Метју Пери, пред неговата куќа татко му и полицијата


