Фото: Atletico Madrid

Атлетико направи шоу: Саркастично објави дека потпишале договори со Јамал, Педри и Рафиња

Атлетико Мадрид на необичен и саркастичен начин реагираше на последните шпекулации кои го поврзуваат Хулијан Алварез со трансфер во Барселона.

Во изминатите денови шпанските медиуми сè почесто пишуваа дека аргентинскиот напаѓач би можел да заврши на „Камп Ноу“, а од мадридскиот клуб очигледно решија преку хумор да испратат порака што мислат за таквите информации.

На официјалните профили на социјалните мрежи, Атлетико објави три одделни пародични „известувања за трансфер“ поврзани со ѕвездите на Барселона, Ламин Јамал, Педри и Рафиња.

Во една од објавите саркастично наведуваат дека го „договориле“ трансферот на Јамал во замена за четири билети за концерт на Бед Бани, едногодишна претплата на АБЦ и вреќа семки од сончоглед.

Во сличен хумористичен тон беа и објавите за Педри и Рафиња, со што Атлетико јасно покажа дека не им придава големо значење на гласините околу можниот трансфер на Алварез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот