Протест на грчките такси возачи во Атина/Фото: COSTAS BALTAS / AFP / Profimedia

Атинските таксисти излегоа на штрајк, не сакаат да возат електрични коли

Атинските таксисти денеска започнаа тридневен прекин на работата, додека националната федерација најави 48-часовен штрајк за среда и за четврток, во знак на протест против најавените законски измени, објави „Катимерини“.

Контроверзниот законски предлог, кој моментално е на јавна расправа со повеќе од 800 пристигнати коментари, предвидува задолжителна набавка на возила со нулта емисија за сите нови регистрации на такси во Атина и во Солун од јануари 2026 година.

Возачите се противат на, како што ја нарекуваат, „насилната транзиција“ кон електрични возила, укажувајќи на недоволната инфраструктура за полнење – во Атина во моментов има само 31 брз полнач.

— Инвестиравме во нови возни паркови и веќе ги намаливме емисиите — изјави секретарот на синдикатот, Парис Орфанос.

Повторно блокиран граничниот премин „Евзони“

Со законските измени се дозволува и ангажирање приватни возила со возач, што такси-операторите го сметаат за „црвена линија“, бидејќи, според нив, на тој начин тие се изедначуваат со такси-службите.

Иако 270 сопственици на такси годинава се соочуваат со обврска за итна замена на возилата, во предлог-законот се предвидени и привремени исклучоци.

Грчките земјоделци пак протестираат, тргнаа кон Атина да ги паркираат тракторите пред парламентот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот