Астролозите пресудија: Родените во овој хороскопски знак се најдобри љубовници!

Според резултатите од анкетите спроведени од сексолозите и астролозите, луѓето родени во знакот Водолија се најдобри љубовници.

Ако имате доволно среќа да сте Водолија во хороскоп, според новото истражување на сексолозите и астролозите, ќе имате подобар сексуален живот во однос на луѓето родени во некој друг знак.

Според пишувањето на „Evoke“, очигледно е дека Водолијата најсилно сака и дека најмногу им верува на своите партнери.

Меѓутоа, родените во знакот Водолија во текот на животот ќе имаат 11 љубовни партнери, значително помалку од Девиците кои ќе имаат 15 партнери. Инаку, Девицата е знак со најголем број партнери.

Но, Водолијата со различни карактеристики покажува најдобри резултати кога е во прашање нивото на сексуално задоволство.

Важно е да се истакне дека компанијата „Lovehoney“ анкетирала 3.500 луѓе со цел низ пракса да открие дали нашиот хороскопски знак навистина влијае на нашиот сексуален живот.

Анкетата покажала дека 42 отсто од луѓето навистина веруваат во она што ќе го прочитаат во хороскопот, а 21 отсто од испитаниците ги прашуваат партнерите за нивниот хороскопски знак пред да стапат во врска со нив.

Резултатите се совпаѓаат со резултатите до кои дошле астролозите, кои велат дека Водолиите се пријателски настроени, искрени, лојални, оригинални и инвентивни, а сето тоа прави добар љубовник.

Исто така, омилена боја им е црвената, среќен број им е два и имаат тенденција да излегуваат во четврток.

Водолиите се полни со уникатни идеи и сакаат љубовни експерименти во врската, но и во креветот.

„Милиони луѓе навистина веруваат во она што го читаат во хороскопот, а тоа покажува дека можете да ја искористите астрологијата за да уживате во сексот“, изјавиле од компанијата „Lovehoney“.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот