Асприља успеал да спречи нарко картелите да го убијат Чилаверт (ВИДЕО)

Фаустино Асприља тврди дека во 1997 година успеал да убеди еден од најблиските соработници на Пабло Ескобар да не го убие голманот на Парагвај, Хозе Луис Чилаверт.

Репрезентацијата на Колумбија за која настапуваше и Асприља загуби од Парагвај со 2:1 во квалификациите за пласман на СП 1998 година во Франција, а за време на средбата црвен картон заработија токму Асприља и Чилаверт.Прво Чилаверт го плукна Асприља, по што Колумбиецот му возврати со бокс.

При излегувањето од теренот, голманот на Парагвај го удри во лицето Асприља по што настана општ хаос покрај аут линијата, а во мешаницата се вклучи и локалната полиција која почна да ги малтретира парагвајските фудбалери.

Сепак, тука не заврши приказната, уште во соблекувалната Асприља добил телефонски повик кој не се одбива, од Хулио Фиеро, еден од најблиските соработници на Пабло Ескобар.

Поранешниот фудбалер на Парма и на Њукасл за колумбиската телевизија ТелеПацифико изјави како течел разговорот.

– Веднаш по завршувањето на натпреварот ми зазвони телефонот и ме бараа од непознат број. Кога кренав, човекот ми рече: Јас сум Хулио Фиеро, дојде кај мене во хотел – се потсетува поранешниот фудбалер.

Кога пристигнал во хотелот, Фиеро бил со своето обезбедување и сите биле во алкохолизирана состојба.
„Тогаш ми рече: Ни треба твоја дозвола, овие двајца сакаат да го убијат дебелиот Чилаверт. Како“! „Дали си луд? Ќе го уништите колумбискиот фудбал. Тоа што се случува на теренот, останува на теренот. Само еднаш ме удри во лицето, но потоа се смиривме“, се потсетува Асприља.

Ваквото тврдење на поранешниот колумбиски репрезентативец не е невообичаено за земјата во која нарко картелите имаат преголемо влијание во државата. Во 1994 година во колумбискиот град Меделин беше убиен бекот на репрезентацијата, Андрес Ескобар бидејќи си постигна автогол на Светското првенство во САД, по што репрезентацијата беше елиминирана од Мундијалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот