Асоцијацијата за цистична фиброза се оградува од пациентот Пехчевски, кој упати низа критики за здравствениот систем

Игор Пехчевски според најавата на директорката ќе биде отпуштен предвреме/Фото: Слободен печат

АЦФ којашто ги застапува интересите на сите пациенти без никаков исклучок како и досега ќе продолжи да дејствува за обезбедување современа терапија за сите пациенти со цистична фиброза, стои во Фејсбук објавата на ова Асоцијацијата

Оттаму се оградуваат од изјавата на пациентот Игор Пехчевски член на АЦФ кој за Слободен печат раскажа дека директорката на Детската клиника од почетокот не е во добри односи поради тоа што преку медиумите и социјалните мрежи постојано алармира за својата тешка состојба и го бара лекот „трикафта“.

„Во врска со најновите случувања и изјава на пациентот Игор Пехчевски, член на АЦФ, Асоцијацијата се оградува од лично изнесениот став на пациентот поврзан со лечењето и третманот кон него.Воедно, како Асоцијација на пациенти немавме и немаме забелешки за професионалниот пристап и третманот од страна на здравствените работници задолжени за оваа специфична здравствена состојба. Напротив, токму заради професионалниот пристап, голема е почитта кон сите нив меѓу кои и професорката Стојка Фуштиќ особено затоа што е достапна во секое време, без разлика дали станува збор за празник или нејзин слободен ден“, стои во Фејбук објавата.

„Сметаме дека личното незадоволство на нашиот член Игор, потенцијално може да оди на штета на сите пациенти и на она што Асоцијацијата до овој момент успеа да го постигне.
Воедно, пациентите преку Асоцијацијата ги продолжуваат своите активности кои се веќе започниати со Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë, Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија и Влада на Република Северна Македонија за остварување на правото за современа терапија и обезбедување соодветни условите за лекување на сите пациенти“, се додава во објавата.

ВИДЕО | Потресно сведочење на Игор Пехчевски: До кога ова здравство ќе не третира како ѓубриња?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот