Асанж конечно доби одобрение да се ожени во затвор

Џулијан Асанж
Џилијан Асанж / Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж (50) конечно доби одобрение да се ожени со својата партнерка Стела Морис во затворот Белмарш, потврди портпаролот на затворската служба, пренесува британски Експрес.

Сепак, извор за Тајмс велат дека „ниту денар“ од парите на даночните обврзници нема да бидат потрошени за организирање свадби.

Партнерката на Џулијан Асанж, Стела Морис/ Фото EPA-EFE/ANDY RAIN

Асанж е во затворот Белмарш од 2019 година, откако полицијата го извади од амбасадата на Еквадор пред да биде уапсен поради кршење на условите за кауција.

Тој во 2012 година влегол во зградата на амбасадата за да избегне екстрадиција во Шведска, која го барала поради обвинувањата за сексуален криминал, кои тој секогаш ги негирал и кои на крајот биле отфрлени.

Екстрадицијата на Асанж, сепак, ја бараат САД поради наводите за заговор за добивање и откривање информации за националната одбрана, откако Викиликс објави стотици илјади документи кои беа обелоденети во врска со војните во Авганистан и Ирак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот