Асани реизбран за претседател на Основен суд Тетово, во Апелационен суд Гостивар избрани се двајца нови судии

Фото: МИА

Судскиот совет на денешната 436-та седница го реизбра судијата Хасан Асани за претседател на Основниот суд Тетово.

Судијата Асани, кој доаѓа од Основниот суд Тетово, беше избран со девет гласа „за“ и три против.

На огласот, иако биле пријавени тројца кандидати, само Асани доставил комплетна документација.

Судскиот совет, претходно на денешната седница избра и двајца судии во Врховниот суд и двајца судии во Апелационен суд Гостивар, Даут Рустеми и Александар Милошески.

Судскиот совет согласно закон судиите ги избира со најмалку осум гласа „за“ од судиите со право на глас и гласа од прворангираниот се до изборот на потребниот број судии согласно објавениот оглас.

Судијата Рустеми од Основниот суд Гостивар, беше петорангиран, но со оглед дека првите тројца рангирани кандидати не го добија потребниот број гласови, а четврторангираниот ја имаше повлечено својата кандидатура, тој беше избран со 9 гласа „за“ и 3 гласа против.

Судијата Милошески, од Основниот кривичен суд Скопје, беше шесторангиран, од вкупно 12 кандидати и со 10 гласа „за“ и 2 против, беше избран за судија во Апелационен суд Гостивар.

Ова е прв избор на судии во повисок суд, по новите критериуми за оценка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот