„АС“: Столе Димитриевски е опција за Реал Мадрид

Фото: EPA-EFE/Chema Moya

Во летниот преоден рок кој следи во редовите на Реал Мадрид ќе има промени во играчкиот кадар, а според последните информации едно од можните засилувања за „кралевите“ е македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски.

Андреј Лунин, 24-годишниот украински голман не сака повеќе да биде резерва на Тибо Куртоа и како што стојат работите нема да го продолжи договорот.

Шпански „АС“ кој е со седиште во Мадрид пренесува дека помеѓу опциите кои Реал ги разгледува е и Димитриевски. Договорот на македонскиот голман со Рајо Ваљекано истекува следното лето и тоа значи дека Реал не би платил премногу.

Зад себе Димитриевски има одлична сезона и статистички беше помеѓу најдобрите голмани во лигата, па интересот од Мадрид и не е преголемо изненадување. Димитриевски во минатото беше блиску до преселба во Барселона исто така за позицијата резервен голман, но тогаш бразилскиот голман Нето одби да замине и трансферот пропадна, иако изгледаше како завршена работа.

Димитриевски не е единствена опција, покрај него во игра е и Даввид Сорија од Гетафе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот