„АС“ спектакуларно ги најави плановите на Реал: „Мбапе не доаѓа сам“

Килијан Мбапе („ПСЖ“) наскоро ќе донесе одлука дали ќе остане во Париз/ фото: EPA-EFE/Yoan Valat

Мадридски „АС“ на насловната објави три потенцијални купувања на Реал следното лето. Во преден план е Килијан Мбапе, а потоа Орелиен Чуамени и Антонио Рудигер.

„Мбапе не доаѓа сам“, пишува на насловната страница на „АС“. Реал Мадрид планира да ги ангажира сите тројца фудбалери.

Главното лице на насловната страница е Мбапе (23). Договорот на ѕвездата на ПСЖ истекува ова лето, а Реал со години го посакуца неговиот трансфер. Минатото лето Реал сакаше да го купи францускиот офанзивец за 200 милиони евра, но парижаните ја одбија понудата. Сега може да го изгуби бесплатно. Мбапе неодамна изјави дека и натаму не одлучил во кој клуб ќе игра следната сезона, но шпанските медиуми се сигурни дека тој ќе го избере Реал Мадрид.

Дефанзивецот Рудигер (29) има договор со Челси до крајот од сезоната. Германецот, според изворот, ја прифатил понудата на Реал и од лето како слободен играч ќе му се приклучи на најверојатно новиот шампион на Шпанија. Според Трансфермаркт, Рудигер вреди 35 милиони евра и е еден од најдобрите одбранбени играчи во светот, а во Реал Мадрид во следните четири години би требало да заработува 12,5 милиони евра по сезона.

Чуамени (22) од Монако треба да ја засили конкуренцијата во средниот ред. Тој е француски репрезентативец проценет на 35 милиони евра. Еден од најталентираните играчи од средниот ред на денешницата и го посакуваат многу европски великани, но Французинот изгледа го избра „кралскиот“ клуб. За место во тимот ќе се бори покрај големи ѕвезди како Лука Модриќ, Тони Крос и Касемиро. Реал ќе мора да му плати на Монако најмалку 40 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот