Фото: EPA-EFE/Chema Moya

АС: Ливерпул и Чаби Алонсо започнаа преговори

Поранешниот тренер на фудбалерите на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, моментно е без ангажман. Иако знае дека наскоро ќе има можност повторно да седне на тренерската клупа, не брза во донесувањето одлики и е решен да почека вистинскиот проект што одговара на неговиот карактер и работна етика.

Откако ги одби Баерн Минхен и Ливерпул во пролетта 2024 година за да остане во Леверкузен, ситуацијата сега е поинаква. Се чини дека „Енфилд“ е дестинацијата што најмногу го привлекува Алонсо.

И покрај разделбата од Мадрид, Алонсо веќе гледа кон иднината, а неговиот агент Инаки Ибањез веќе е во контакт со раководството на Ливерпул. Веста за навивачите на Мерсисајд е охрабрувачка, бидејќи Алонсо е решен еден ден да се врати на „Енфилд“.

Според информациите од весникот „Ас“, првите контакти меѓу двете страни по разделбата на Алонсо од Реал биле позитивни. Сепак, засега се одржани само прелиминарни разговори и без никакви специфики. Се тврди дека ако има промена на менаџерската позиција во Ливерпул, тоа ќе биде на лето.

Во моментов, иднината на Арне Слот во Ливерпул изгледа многу неизвесна. Иако клубот му даде доверба да ја заврши сезоната, резултатите се разочарувачки. Синоќа „Црвените“ прекинаа серија од тринаесет натпревари без пораз, драматично губејќи од Борнмут со 2:3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот