фото: Слободен печат

АРТеФАКТИ | Што се тоа хиперпирони?

Ако денеска ги имаме денарот, еврото, доларот… во 13 век на овие простори се плаќало во хиперпирони. По што се разликуваат овие древни пари од денешните валути?

– Хиперпироните имаат специфична калотеста форма, која требала да го преставува сводот во црквата т.е. небесниот свод каде Христос или Богородица биле преставувани на горниот дел од монетата (аверсот), додека на долниот дел (реверсот) бил преставен императорот крунисан од светците или богородица. Императорот на овој начин сакал да го покаже догматското државно уредување на средниот век дека божјата власт која е на небото, му ја доделува земната власт на него да владее – вели м-р Трајан Зафировски, виш кустос за средновековна нумизматика од Археолошкиот музеј.

Колку за споредба околу вредноста, ќе ве изненди и ќе посакате да имате по некој хиперпреон во рака.

– Вредноста на хиперпиронот во тоа време билa ценетa како едномесечна плата на високо искусен работник, што во денешно време на нашиот пазар би билa нешто како 1200 евра месечни примања, но од друга страна ако го погледнеме европскиот или американскиот пазарот, неговата куповна моќ би била околу 3800 евра. Сребрените венецијански грошеви биле менувани 10 до 12 примероци за еден хиперпирон во 13 век, што при некаква груба проценка би ја ставило вредноста на оваа остава, на околу 200 000 евра на европскиот пазар или околу 63 000 евра на нашиот пазар – вели Зафировски.

На локалитетот Скопско Кале беа пронајдени 113 монети од кои 44 златни византиски хиперпирони и 69 венецијански сребрени грошеви, бевме да видиме на клој начин ги подготвуваат пред да бидат изложени во витрините, Воедно со оваа посета на Археолошкиот музеј дознавме дека се подготвува нова поставка која ќе биде брои 20 витрини, кои ќе бидат кружно поставени во два реда, во кои ќе бидат изложени над 4000 монети, кои ќе отсликуваат 2600 години монетарна историја на Македонија.

Гледајтте „АРТеФАКТИ“…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот