фото: Слободен печат

АРТеФАКТИ | Што е дијатрета?

Доколку не сте кустос, историчар или археолог, веројатно не сте ни чуле за поимот дијатрета.  Во првата епизода од новиот серијал на „Слободен печат“, кој го насловивме „АРТеФАКТИ“ ве носиме во Археолошкиот музеј на Македонија, каде што ќе ви покажеме што е тоа дијатрета.

Дијатрета е римска луксузна стаклена чаша од 4 век. Таа е исклучително редок експонат, а во светот се пронајдени само десетина добро сочувани.

– Македонската дијатрета е пронајдена во 1982 година во доцноримски гроб на локалитетот Таранеш, Дебарско. Овој тип на чаши се луксузни производи кои најверојатно служеле за свечено церемонијално пиење, бидејќи ги поседувале само припадниците на повисоките општествени слоеви и истите се изработувале по нарачка. Во горниот дел на чашите има латински натпис кој отприлика порачува: „Ако пиеш, ќе живееш долго и среќно“ – вели Радомир Ивановиќ – виш кустос

Гледајте „АРТеФАКТИ“ во недела со почеток во 20 часот на јутјуб-каналот на „Слободен печат“. Низ емисијата ќе ве води Александра Вуксановиќ, автор и водител на серијалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот