фото: Слободен печат

АРТеФАКТИ | Нов серијал на „Слободен печат“

Од овој викенд „Слободен печат“ започнува да ви прикажува нов серијал низ кој заеднички со вас ќе нурнеме во древното минато, ќе шетаме низ историјата, ќе дознаваме помалку познати факти за нашата држава, ќе пловиме по минатото и ќе откриваме интересни настани, случувања, личности…

Со новата емисија „АРТеФАКТИ“ ќе му се воодушевуваме на историското богатство што го имаме, на културните скапоцености што сме ги сочувале со векови, на уметничките изрази и на снаодливоста на нашите предци.

Со емисијата ќе шетеме низ музеите и научните институции, ќе ѕирнеме во депоата и архивите, ќе ви доловиме кадри зад завесите што вие не можете да ги видите при посетата на овие институции.

Гледајте „АРТеФАКТИ“ во недела во 20 часот на јутјуб-каналот на „Слободен печат“. Низ емисијата ќе ве води Александра Вуксановиќ, автор и водител на серијалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот