АРТеФАКТИ | Каков леб јадел неолитскиот човек на територијата на Македонија?
Пред 12.000 години луѓето што живееле на ова поднебје печеле леб многу сличен на оној што денес го ставаме на трпезата. Одредени археолошки наоѓалишта ни дозволуваат да си замислиме како изгледало секојдневието на неолитскиот човек на територијата на Македонија.
Препорачано
Иако, дузина од артефактите пронајдени во неолитските локалитети се непознати дури и за археолозите, сепак претпоставките ни дозолуваат да си играме со имагинацијата.
– Во населбите од неолит се откриени разновидни предмети, пред сè, со практична намена кои се материјални сведоштва за економијата во неолитското време. Тие се, пред сè, алатки изработени од камен, животинска коска, глина, кои ги користеле во секојдневието. Дел од камените алатки често се користеле за берење растителни култури. Во најголем дел, коскените предмети имале практична функција, тие служеле за обработка на органски материјали. Меѓу коскените предмети се најдени и јадици, веројатно за риболов – вели за „АРТеФАКТИ“ м-р Елена Стојанова Канзурова, кустос советник во Археолошкиот музеј.
Му се воодушевуваме и на накитот што го носела неолитската жена направен од коскена и камена мониста. Фасцинантно за археолозите, како што вели Канзурова, се белегзиите, нараквиците и модните додатоци изработени од морски школки.
– Нас посебно нè воодушевуваaт и радуваaт пронајдените морски школки. Тоа ни покажува дека и во тоа време луѓето од овде комуницирале со подалечни заедници – рече нашата домаќинка.
Погледнете ја новата епизода „АРТеФАКТИ“ на јутјуб-каналот на „Слободен печат“. Водител и автор е Александра Вуксановиќ.


