Данела Арсовска - Градоначалник на Скопје - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Данела Арсовска - Градоначалник на Скопје - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Арсовска: Претседателката на управниот одбор кочи, Скопје се дави во смет, а тие се фатиле за директорот на „Комунална“

Претседателката на Управен одбор на „Комунална хигиена“, Јулијана Спировска по наредба на ВМРО-ДПМНЕ континуирано со години прави опструкции додека градот не се удави во смет. И сега директоров им е виновен кој не можел да набави 35 нови камиони бидејќи тоа Јулијана го одложила за да ги набави Орце, реагира градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, откако денеска беше уапсен директорот на „Комунална хигиена“ Сабахудин Рустеми.

– Спировска, нема да ја апсат бидејќи има албум со сликички со сите функционери на ВМРО. Јулијана која ја управува Комунална Хигиена Скопје е осуден криминалец во 2022 година со казна затвор за убиство и осуден криминалец во 2006 година за нанесување тешки телесни повреди. Јулијана во КХС ги команда другите членови на Управен одбор од ВМРО и Вреди, кои се поставени од Советот на град Скопје од ВМРО и Вреди – пишува Арсовска.

Таа додава дека Спировска три години опструира нови камиони, инвестициска програма, а вели и дека вработените, кои 5 години ги чистат улиците, не можат да земат решение за работа поради нејзините сопартијци од ВМРО и Вреди во Советот.

– Мицко, кога ќе бегаш од Македонија за некоја година, бидејќи те болат коленцата нема да може во гепек од кола, ќе треба во багаж од автобус да те пренесат низ граница бегајќи накај Будимпешта – порача Арсовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот