АРМ ќе купи лесни оклопни возила од САД

Министерството за одбрана е задолжено веднаш по потпишувањето на договорот, да изврши уплата на договорените финансиски средства од Буџетот на Министерството за одбрана за 2020 година во висина од 762.000.000 денари до Владата на Соединетите Американски Држави.

Владата на Република Македонија на денешната 34-та седница, ја разгледа и усвои Информацијата со предлог за продолжување на набавката на лесни оклопни возила на тркала за потребите на Армијата на Република Македонија со склучување на амандман/анекс на Договорот меѓу Владата на Република Македонија со Владата на Соединетите Американски Држави и донесе одлука да се продолжи со реализација на овој договор со прифаќање на Писмото на понуда и прифаќање на понудата од 21 декември 2020 година.

Владата го овласти државниот секретар на Министерството за одбрана во име на Владата на Република Македонија, по информирањето на Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието на Република Македонија, да го потпише амандманот/анексот MK-B-UCC (A1) од 21 декември 2020 година на договорот за набавка на лесни оклопни возила на тркала за потребите на Армијата на Република Македонија со Владата на Соединетите Американски Држави со што ќе се смета дека меѓувладиниот договор за амандман/анекс на Договорот за набавка на ЛОВ е доделен и склучен.

Со оваа одлука Министерството за одбрана е задолжено веднаш по потпишувањето на амандманот/анексот на договорот, да изврши уплата на договорените финансиски средства од Буџетот на Министерството за одбрана за 2020 година во висина од 762.000.000 денари до Владата на Соединетите Американски Држави.

Заклучоците за потребата од склучување на анекс на договор со Владата на Соединетите Американски Држави за набавка на лесни оклопни возила за потребите на Армијата на Република Македонија ќе бидат доставени како Информација за известување до Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието на Република Македонија.

На денешната седница Владата, заради посебен јавен интерес, донесе одлука Предлог – законот за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија за 2021 година, и Предлогот на закон за Агенцијата за разузнавање во Собранието да бидат усвоени со постапка предвидена за закони со европско знаме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот