
Арифи: Новиот водовод е многу добар, се работи се уште на проблемот со лизгање на земјиштето
Тетовската градоначалничка Теута Арифи, денес информираше дека се уште се работи на новиот водоснабдителен систем да биде во функција и отстранување на проблемот со лизгање на земјиштето. Прв пат овој проблем се јави во февруари, па повторно во март со што градската мрежа остана без 150 литри вода во секунда и се воведоа рестрикции.
Препорачано
Според неа проблемот не е во самиот водовод туку на теренот.
– Имаме дефект под Лешница на 1120 метри надморска височина и се работи. Со подобрување на временските приликите ќе направиме уште некои замени за да не ни се повтори слична ситуација. На таа висина и на тие коти немало дефект четири години. Поголемиот последен дефект беше доле во главната цевка што поминува пред полиција, додека во новиот цевковод сме немале проблем. Дефектот не се однесува, дефект „пер се”, дефект за себе, туку едноставно има придвижување на земјата и тоа е многу-многу поголемо придвижување на земјата и беше многу ризично да се работи во тој период, сега мислам дека се олеснувааат можностите да одработиме побргу. Апсолутно тоа е многу добар водовод. Се покажува колку е важен за градот, изјави денеска градоначалничката Арифи.
Таа исткакна дека веќе се чувствуваат промена овие денови на подобро со зголемување на количините вода од стариот систем за водоснабдување.
На новинарско прашање зошто при санација на свлечиштето кај Бањиче земја се истура во реката Пена, таа рече дека Сектор за комунални дејности ќе информира дополнително.
– Имаме надзор, да градите по планини не е како да градите тука. Нема да има тука свлечиште затоа што нема планина. Така да таму пред три години во проектот знаеме дека имаше придвижување на земјата. Компанијата ни имаше ветено дека ќе се врати да работи таму и во моментот работи на каскадирање на земјата и отклонување на ѕидот, рече Арифи.
Градоначалничката повторно со најава дека ќе се реализира ветеното заедно со министерот Бочаварски од 29 јануари дека ќе почне долгоочекуваната реконструкција на улица „Гоце Делчев”.
– Министертството за транспорт и врски беше спремно за да почнеме да работиме веднаш на улица „Ѓоце Стојчевски”,а исто така брзо ќе почне да се работи на улицата „Гоце Делчев”. Бидејќи со министерот за транспорт информиравме дека тие два проекти одат исто така со еден пакет на Светска Банка, тенденцијата е паралелно да бидат работени двете улици, рече Арифи.