Аргентина ги замрзна цените на повеќе од 1.400 артикли, поради високата инфлација

Инфлација, илустрација / Фото: МИА

Владата на Аргентина поради релативно високата инфлација ги замрзна цените на повеќе од 1.400 артикли, главно храна и производи за хигиена.

На компаниите не им е дозволено да ги зголемат цените во следните 90 дена, изјави аргентинскиот државен секретар за трговија Роберто Фелети.

Претходно, левичарската Влада на претседателот Алберто Фернандез ги прекина преговорите со здружението на прехранбената индустрија без да постигне договор.

Стапката на инфлација во Аргентина е над 50 проценти, што е една од највисоките во светот.

Аргентина некогаш богатата земја, е во тешка економска и финансиска криза, поради пренатрупан државен апарат, ниска продуктивност во индустријата и голема сива економија. Вредноста на пезосот продолжува да се намалува, а растат долговите.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот