„Arbnb“ со трајна забрана: Нема повеќе забави во сместувањето што сте го изнајмиле

Фото: Airbnb

Платформата за изнајмување приватно сместување „Airbnb“ објави дека трајно забранува организирање на какви било забави во сместување изнајмено преку нив. Трајната одлука за забрана на организирање забави доаѓа откако „Airbnb“ привремено ја донесе таа одлука во август 2020 година, како дел од обидот да се намали можноста за ширење на коронавирусот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Airbnb (@airbnb)

Оттогаш, „Airbnb“ забележа пад од 44% на стапката на пријави за неовластени забави во споредба со претходната година, што го припишува токму на таа промена на политиките на компанијата. Потсетија и дека додека многу локали и клубови беа затворени поради пандемијата, голем број од корисниците на услугите на „Airbnb“ си одржувале забави во изнајмените објекти и дека сакаат да стават крај на тоа.

„Со текот на времето, забраната за организирање забави стана многу повеќе од мерка за јавното здравје“, се вели во соопштението на компанијата. „Ова еволуираше во темелна политика на заедницата за поддршка на нашите домаќини и нивните соседи“, објаснија тие.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Airbnb (@airbnb)

Доколку некој го прекрши ова правило, ќе му ја блокираат сметката на корисникот

Компанијата објасни дека гостите кои ќе се обидат да ги прекршат овие правила ќе се соочат со последици кои се движат од привремено суспендирање до целосно отстранување од платформата. Се додава дека повеќе од 6.600 гости биле суспендирани од „Airbnb“ во 2021 година поради обид за прекршување на забраната за организирање забави.

За потсетување, претходно оваа година, двајца тинејџери беа убиени, а неколку луѓе беа повредени на забава на имот изнајмен преку „Airbnb“ во Питсбург, Охајо. „Airbnb“ потоа соопшти дека ја блокирале сметката на лицето кое го резервирало имотот и дека неовластениот настан бил организиран без знаење или согласност на домаќинот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот