Фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Арагчи ја обвинува Америка за неуспехот на преговорите

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека „прекумерните барања“ од САД доведоа до неуспех на мировните преговори одржани во Исламабад, пренесува Би-би-си.

По слетувањето во Русија, пред локалните новинар изјави дека ќе разговара за тековниот конфликт на Блискиот Исток со руските сојузници.

„Разговорите во Исламабад имаа за цел да ги дефинираат условите под кои би можеле да продолжат преговорите“, истакна тој во изјавата на персиски јазик, споделена на неговиот Телеграм канал.

Иранскиот министер, исто така, се осврна на моменталното затворање на Ормускиот Теснец, нагласувајќи дека безбедноста на пловидбата низ оваа стратешки важна поморска рута останува глобално прашање.

Тој ги повика соседните земји, вклучително и Оман, да соработуваат потесно во нивен заеднички интерес.

Арагчи додаде дека постои значително ниво на консензус меѓу Иран и Оман и потврди дека е постигнат договор за продолжување на разговорите за прашањето за Ормускиот Теснец.

Инаку, Арагчи слета во Русија, откако иранските медиуми вчера објавија дека Арагчи ќе се сретне со рускиот претседател во Москва, за да разговара за тековните мировни преговори на Блискиот Исток.

Арагчи претходно беше во Исламабад, каде требаше да се сретне со американските претставници за втората рунда мировни преговори, кои не се појавија во Пакистан.

Шефот на иранската дипломатија се врати во Пакистан и покрај тоа што Трамп ја откажа мисијата

Белата куќа во петокот објави дека пратениците Стив Виткоф и Џаред Кушнер ќе преговараат со иранската страна во Пакистан, така што кратко по пристигнувањето на Арагчи, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ја откажал мисијата поради недостаток на напредок со Иран.

Трамп минатата недела го продолжи на неодредено време примирјето што САД и Иран го договорија на 7 април, со што во голема мера запреа борбите што започнаа на 28 февруари.

„Иран може да се јави ако сака да разговара, знаат што мора да има во договорот“ – порача Трамп

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот