АПСУРД: ОЈО за организиран криминал кубури со обвинители, а оние од СЈО се враќаат на стартни позиции

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Три празни места во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција зјаат празни. Пет, пак, во скопското Вишо јавно обвинителство. Поранешните обвинители на Специјалното јавно обвинителство сега се вратени во матичните обвинителства, односно на стартни позиции, иако и понатаму гонат организиран криминал, односно ги продолжуваат предметите и истрагите кои ги отвори СЈО. Тие не работат на предмети од нивните матични обвинителства каде се вработени, фокусирани се на судските и истражните предмети. Шефот на републичкото обвинителство, Љубомир Јовески изјави дека се постапува по сите предмети и истраги од СЈО.

– Во моментот не работат на други предмети, со цел да бидат ослободени од другите предмети за да можат да се посветат на предметите кои дотогаш ги ги работеле, но ова не значи дека во наредниот период нема да им се доделат и други предмети – изјави државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески.

Тука се поставува прашањето, зошто по искуството на овие обвинители со гонење на организиран криминал, тие повторно ќе се вратат на предмети кои ќе се доделуваат и на новите обвинители кои се без искуство? Во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, каде шефува Вилма Русковска, возможно е да се ангажираат само три обвинители од поранешното СЈО. Но, прво треба да се направи анализа на нивната работа, изјави претседателот на Советот на јавните отвинители, Ацо Колевски. Според него, нема пречка да објават оглас и да ги пополнат празните места во организиран криминал.

– Ние тоа прашање треба да го разгледаме. Засега се испразнети три места и три места можеме да поплниме, треба да се направи анализа за да видиме дали ќе има потреба од зголемување на бројот на јавните обвините во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Треба да се изврши анализа на нивната работа, колку предмети работат во моментот, бројот на донесените истраги, бројот на поднесените обвиниенија, за Советот да донесе заклучок дали има потреба од зголемување на бројот на обвинители – изјави претседателот на Советот на јавни обвинители, Ацо Колевски.

Единствено, обвинителката Лиле Стефанова, пред да биде избрана за обвинител во Специјалното јавно обвинителство, беше дел од обвинителството за организиран криминал, но таму и истече мандатот и е вратена во матичното, радовишкото обвинителство. Но, засега, таа продолжува да го истражува случајот „Империја“ и пред суд да ги застапува предметите „Титаник“, „Маѓар Телеком“ и „Траекторија“.

Скопје ќе почека до вторник за нови обвинители, Кавадарци и Куманово добија по еден нов обвинител

обвинителство ојо

Кавадарци и Куманово добија нови обвинители. Во Кавадарци се пријавиле двајца, а е избран Димитар Насев, бидејќи имал најмногу освоено бодови, додека Душица Александрова е избрана за нов обвинител во Куманово. Советот на јавните обвинители избра по еден обвинител во овие два градови, но никој не се пријавил за да биде обвинител во Кичево, Гевгелија, Крива Паланка, Свети Николе, Ресен и Берово. Во Тетово, каде се бараа двајца обвинители, се пријавил адвокат, кој нема завршено Академија за судии и јавни обвинители, што е услов за да биде обвинител. Најмногу интерес има за скопското обвинителство, се пријавиле 13 кандидати, а се предвидени нови 8 обвинители. Сепак, Советот на јавните обвинители денешната седница ја прекина и ќе ја продолжи во вторник кога ќе биде на дневен ред изборот на кандидатите во скопското обвинителство.

За другите градови, дополнително ќе се објави нов оглас. И покрај новите обвинители, сепак, бројката во обвинителствата останува непополнета. Претседателот на Советот на јавните обвинители, Ацо Колевски, изјави дека недостасуваат над 50 јавни обвинители.

– Недостасуваат од 50 до 60 јавни обвинители на сите нивоа на основни, вишо и на РЈО. Мислам дека тоа е доста голема бројка, бидејќи со систематизацијата треба да бидат пополнети 250 јавнообвинителстки места. Ние сега вршиме избор на 14 кандидати што се јавија од Академијата, плус се јавија двајца кандидати што веќе се вработени, еден во Куманово, друг во Велес, вкупно за Скопје се пријавени 13 кандидати – изјави Ацо Колевски, претседател на Советот на јавните обвиннители

Една од причините за споро постапување по предметит е недостатокот на обвинители, потврдуваат Колевски и Јовески. И понатаму останува проблемот со недостаток на обвинители во внатрешноста, зашто младите обвинители немаат интерес таму да го гонат криминалот.

– Тоа е голем проблем за советот. Решението го гледам само во измена на законите, да се предвиди избор на кандидат и според местото на живеење, а не според постигнатиот успех во Академијата за јавни обвинители и судии – вели Колевски.

– Сигурно дека се одразува на работата на обвинителствата, но ние мораме да најдеме можности предметите ажурно да ги работиме за да не дојде до застареност на истите – вели државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Крива Паланка нема ниту еден обвинител. Но, затоа Републичкото обвинителството го има задолжено ОЈО Куманово да го гони криминалот и во Крива Паланка.

– Надлежен обвинител од Куманово повремено патува во неделата, еден или два дена во обвинителство во Крива Паланка и ги извршува функциите. Исто така во овие обвинителства каде имаме недостиг, Вишите обвинителства будно ја следат состојбата и помагаат во рамките на нивните надлижните за ефикасно да се извршува кривичниот прогон во обвинителствата – вели Јовески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот