АПСЕЊЕ ПОРАДИ ТРГОВИЈА СО ОРГАНИ ВО КОСОВО: Три лица приведени после претрес на приватна клиника

Во Косово денеска биле упасени три лица, кои се осомничени за трговија со човечки органи и клетки.

Во селото Чаглавица, во близина на косовскиот главен град, полицијата вчера уапсила двајца странски државјани и еден косовски Албанец.

– Упасени се двајца мажи странски државјани и еден косовски државјанин – Албанец, под сомневање дека се вклучени во споменатото дело. Полициската единица и здравствениот инспекторат извршија контрола во приватна болница и запленија како доказен материјал копии од лекарски досијеа и друга документација – се вели во полициското соопштение.

По налог на надлежен обвинител, трите лица се однесени во притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот