Фото: АПИС

АПИС предупредува: Онлајн измами и злоупотреба на имињата на казина и автомат клубови

Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС апелира дека подолг временски период на социјалните мрежи масовно циркулираат лажно креирани дигитални вести кои имаат за цел да ги доведат граѓаните во заблуда, особено младите како најактивни корисници на овие платформи.

Од АПИС велат дека станува збор за онлајн измама преку која, според нив, свесно и со умисла пласира невистинити информации дека компаниите-членки на Асоцијацијата наводно приредуваат онлајн игри на среќа.

„Сакаме јасно да ставиме до знаење дека казината „Фламинго“ (Гевгелија и Скопје), „Гранд Казино Адмирал“, „Луксор“, како и автомат клубовите „Астра“, „Адмирал“, „Апекс“, „Моцарт„ и „Спортлајф“ НЕ приредуваат онлајн игри на среќа, согласно македонското законодавство“, нагласуваат од АПИС.

Тие додаваат дека лажните вести претставуваат обид за злоупотреба на корпоративниот углед на нивните членки и апелираат граѓаните да се информираат исклучиво преку официјалните комуникациски канали на компаниите.

АПИС информира дека ги презема сите неопходни законски дејствија за заштита на брендовите на своите членки и очекува надлежните државни институции да постапат соодветно со цел спречување на вакви негативни и штетни појави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот