Апелација намерно чува предмети во фиока, обвинува Синдикатот на полицијата

Апелациониот суд нема намера да ги работи нашите предмети, кои по првостепената пресуда се во корист на вработените во МВР, обвини Дејан Саздов, генерален секретар на Синдикатот на полицијата, додавајќи дека претежно станува збор за случаи за незаконско распределување во рамки на Министерството, односно работни спорови, а токму МВР првичните пресуди ги обжалува на втора инстанца.

Дали неправдата стана закон? Одредени судски постапки во Апелација се водат неразумно и во неразумен рок од по неколку години, а се работи за предмети кои припадниците на МВР ги водат пред надлежните судови. Три до четири години наши предмети се чуваат во судовите, додава Саздов.

Тој тврди дека улога за непостапувањето на судиите имаат одредени началници, раководители и врвот на Министерството, за кои вели дека истовремено се и кадии.

Одредени судии од делот на работни спорови како чувари ги држат во фиока предметите по неколку години и за тоа, како награда, според нашите информации очекуваат напредување во нивната кариера, изјави Саздов.

Од Синдикатот бараат да се почитуваат законските права на тужителите, а наведуваат дека правдата ќе ја бараат и во Стразбур.

Од МВР, во жалбата за првостепената пресуда, до Апелација порачуваат дека судот не може да се стави во улога на работодавач и да одлучува на кое работно место ќе работи одреден вработен, со оглед дека тоа е дискреционо право на работодавачот, што според Синдикатот се коси со одредбите од Законот за работни односи и Колективниот договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот