Апелација ја укина ослободителната пресуда за Латас

Фото: Слободен печат/ Д. Митрески

Oслободителната пресуда е укината поради суштинска повреда на постапката и поради нецелосно утврдена фактичка состојба.

Скопска Апелација ја укина ослободителната пресуда за случајот „Тревник“ на СЈО против новинарот Драган Павловиќ-Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан Павловиќ.

Oслободителната пресуда е укината поради суштинска повреда на постапката и поради нецелосно утврдена фактичка состојба.

Предметот е вратен на повторно судење во Основниот кривичен суд. Предметот „Тревник“ е еден од двата предмети на СЈО во кои е опфатен Латас. Другиот е „Топлик“ и тој се однесува на даночно затајување, но за него не е донесена пресуда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот