Димитар Апасиев / Фото: ТВ 24

Апасиев обвини за отворена „вмроизација“ на Обвинителството: „Савески спроведува сè што кажа Мицкоски“

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев остро го искритикува новиот државен обвинител Ненад Савески, нарекувајќи го „латентно вмровско кадарче“. Тој вели дека Савески за два дена спровел сè што кажал премиерот од говорница.

„Иако на почетокот настапи со одредени квазиманири, за само 24 часа се покажа дека размислува идентично како Мицкоски. Сè што Мицкоски изјави од говорница, обвинителот го спроведе во рок од еден ден“, изјави Апасиев во емисијата 24 Анализа на ТВ24.

Тој исто така го критикуваше Савески за тоа што ја отстранил обвинителката Алексова-Трајчевска, која според него била една од ретките квалитетни обвинители и која ги уапсила началниците и полицајците осомничени за кобната ноќ во Кочани.

Тој зборуваше и за отфрлањето на претставката на обвинителката Ленче Ристоска, за која Савески најави разрешување.

Ленче Ристоска нема да ги води предметите за владејачката ВМРО-ДПМНЕ, одлучи новиот републички обвинител Савески – Слободен печат

„Ристоска е една од најквалитетните обвинители во државата. Ова се прави намерно за да застарат предметите „Талир 1“ и „Талир 2“. Дури и Мицкоски да беше обвинител, ќе речеше дека ова е премногу за два дена. Ова што се случува е ненормално и нема никаква логика, освен партиска. Луѓето што се избираат на ваков начин, често и без директни барања, од чувство на долг се додворуваат. Ова претставува отворена „вмроизација“ на Обвинителството. На голема врата се враќаат луѓе од тефтерчињата. Ни претстои лоша клима“, изјави Апасиев.

Фатиме Фетаи на прослава во Обвинителството го „разобличи“ Советот на јавни обвинители – Слободен печат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот