Фото: EPA/ADAM VAUGHAN

Антоан Семењо е нов фудбалер на Манчестер сити

Англискиот фудбалски клуб Манчестер сити денеска официјално го потврди потпишувањето на договорот со Антоан Семењо од редовите на Борнмут.

Неговиот трансфер е најголемиот оваа година ако ја погледнеме сумата за која беше донесен – 75 милиони евра.

Репрезентативецот на Гана, 26-годишниот играч потпиша договор од пет и пол години, според кој ќе остане на стадионот „Етихад“ до 2031 година.

Манчестер сити моментно е втор на табелата во Премиер лигата со 43 бода, а Семењо сигурно ќе биде важен адут во борбата за титулата со Арсенал, кој има 49 бода.

Семењо е трет стрелец во Премиер лигата со 10 гола, а има и три асистенции во 20 натпревари.

Тој го облече дресот на Борнмут во текот на сезоната 2022/23, каде што се разви во еден од најдобрите крилни играчи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот