Фото: EPA-EFE/Daniel Gonzalez

Антоан Гризман ќе игра во МЛС лигата за Орландо сити

Францускиот фудбалер Антоан Гризман одлучи да го напушти Атлетико Мадрид на крајот од сезоната и да ја продолжи кариерата во САД.

Орландо сити покажа голем интерес за Гризман и го сака во своите редови за почетокот на сезоната во американската МЛС 2026.

Поранешниот француски репрезентативец одлучи да ја заврши европската сезона со Атлетико, кој има амбиции да ја освои Лигата на шампионите и Купот на кралот.

Гризман сега одлучи да го исполни својот сон и да игра во МЛС.

35-годишниот напаѓач се согласи да се пресели во Орландо сити ова лето и наскоро ќе отпатува во САД за да го финализира договорот со клубот од Флорида. Атлетико му даде дозвола за тоа.

Оваа сезона во Ла Лига запиша 26 настапи, шест голови и една асистенција, а во ЛШ има 11 настапи, два голови три асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот