Антикорупциска отвора предмети за Заев, Анѓушев и Манчевски

Фото Слободен печат
Антикорупциска комисија отвори шест предмети по пријава на ВМРО-ДПМНЕ.
Едниот е за вицепремиерот Кочо Анѓушев за продажба на земјиште во Дреново за изградба на хидроцентрала на фирма каде тој е сопственик, а неговиот брат управител. Под истрага е и продажбата на земјиште во касарна во Струмица на лицето Сашо од страна тогашниот градоначалник Зоран Заев.
Антикoрупциска ќе ги истражува и наводите за случајот „Едно евро“ поврзан со Заев како и негова поврзаност со бугарски фирми.
Во последниот случај ќе се испитува поврзаноста на министерот Дамјан Манчевски со одредени грчки фирми.
Дали пратеничката Катерина Кузмановска од СДСМ ја вработила својата ќерка Марија Кузмановска на Клиниката за гинекологија со дискреционо право на директорот и министер ќе испитува Антикорупциска комисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот