Антикорупциска отвори предмет против Коста Петров, по анонимна пријава

Коста Петров / Фото: МИА

Антикорупциската комисија отвори предмет против Коста Петров, поранешниот директор на ФИТР, објави ТВ24.

Против Петров, поранешниот директор на Фондот за иновации, Државната комисија за спречување на корупција отвори предмет во врска со доделените средства за издавачката куќа „Три“. Оваа издавачка куќа беше издавач на сите негови книги.

Претседателката на комисијата, Билјана Ивановска, за ТВ24 кусо ја потврдила информацијата дека по анонимна пријава, ДКСК отворила предмет против Петров. Сепак, таа вели дека допрва ќе треба да се испита дали постои судир на интереси, со оглед на фактот дека оваа издавачка куќа ги печатела сите досегашни книги на Петров – и пред, и по неговата функција во власта.

Петров вели дека ниту донел одлука за финансирање, ниту склучил договор.

„И да сум сакал, не сум можел, затоа што носењето одлука за финансирање на проекти воопшто не е во надлежност на директорот, туку на Комитетот за одобрување на инвестиции“, вели тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот