АНТИГАБИЧНА ИСХРАНА: Која храна ви помага при проблеми со ваквите инфекции?

храна

Кога се борите со кандида или друга габична инфекција, најлоши непријатели се шеќерот, млекото и кафето.

Покрај соодветната терапија, така и исхраната игра важна улога при лечењето на габичните инфекции. Ваквите инфекции треба да се лечат што порано и со сериозен пристап, за да се спречат посериозни здравствени проблеми.

Најпрво, треба да консумирате храна со низок процент на јаглехидрати, како што се пилешкото и мисиркиното месо, морската храна, јатките и нескробните зеленчуци.

Недозволени се белиот шеќер, сахарозата, фруктозата, малтозата, гикогенот и сите останати шеќери кои ги има во десертите. Истото важи и за овошјето, особено сушеното и конзервираното.

Исфрлете од исхраната и производи со квасец, но и оние кои содржат оцет. Очигледно, треба да ги исфрлите и печурките. Кикириките и ф’стаците исто така треба да се избегнуваат.

Алкохолот исто така може да го стимулира размножувањето на габичките, затоа треба да го исфрлите во секоја можна варијанта.

Наместо кафе и црн чај, пијте вода и билни чаеви. Месните производи се дозволени, освен сувомеснатите, саламите и конзервираните месни продукти.

Ограничено внесувајте сирења со ниска содржина на лактоза и пијте немасен јогурт кој содржи поволни бактерии.

Од овошје најдобро е само лимон и тоа разреден со поголема количина вода. Од зеленчук, како што веќе споменавме, исклучете ги скробните продукти, а користете такви со висок процент на растителни влакна, како што се мешунките, брокула, зелка…

Во умерена количина можете да консумирате ориз, но само интегрален, а белиот да го избегнувате.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот