„Анима Мунди“ со помош на Државниот инспекторат за ловство спаси три младенчиња волци (ФОТО)

Здружение за заштита на животни „Анима Мунди”, со помош на Државниот инспекторат за ловство, спаси три младенчиња волци.

– Среќата не може да се опише кога ќе се спаси живот, особено кога исходот на постапките е неизвесен до самиот крај и не зависи само од нас. Уште повеќе затоа што станува збор за животот на диви животни, кои во Македонија се третираат како закана, опасност, нешто што смее и се поттикнува да се убие, велат од „Анима Мунди”.

 

Од здружението изразија благодарност до инспекторите Зоран Вуиќ, Петар Џима и Ромео Саздановски од Државниот инспекторат за ловство, со чија помош биле спасени три младенчиња волци.

– Потврдуваме дека волчињата се на сигурно. Волкот е богатство на нашите шуми и планини, совршенство на природата, интелигентно, храбро, верно животно кое гради силни социјални врски (живот го минува најчесто во моногамна врска со еден партнер, се грижи и до две години за своите младенчиња) и не е никаков штетник. Бараме итно да се укине таквиот срамен статус кој го има во Македонија, со кој како вид го доведовме до раб на истребување. Штетници не се волците туку оние кои ги гонат, деградираат нивните живеалишта, им упаѓаат во животната средина, велат од „Анима Мунди”.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот