Ангус Клауд: Лузната на главата ми е вистинска, го скршив черепот и едвај преживеав

Ангус Клауд
Ангус Клауд / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Актерот Ангус Клауд, познат по улогата на дилерот Фез во серијата „Еуфорија“, откри дека во 2013 година за малку ќе умрел откако паднал во јама на градилиште и си го скршил черепот.

„Реална е“, изјави тој за „Variety“ осврнувајќи се за лузната што се протега по левата страна на неговиот скалп, откривајќи дека ја добил на петок 13-ти откако паднал во дупка додека одел сам ноќе во центарот на Оукленд, Калифорнија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Angus Cloud (@anguscloud)

„Се разбудив 12 часа подоцна на дното. Бев заробен. На крај се качив по не знам колку време. Беше навистина тешко да се извлечам бидејќи черепот ми беше скршен, но немаше повреда на мојата кожа. така што целото крварење беше внатрешно, ми го притискаше мозокот. Но, немаше да ме најдат долу. Се снајдов. Или Господ ме најде, како сакате наречете го тоа“, рече Клауд, кој си ги скршил и прстите кога паднал, но успеал да излезе од јамата длабока 10 метри.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Angus Cloud (@anguscloud)

Неговата мајка мислела дека бил под дејство на некоја дрога

Тој откри и дека не чувствувал болка и со автобус се вратил дома кај мајка си, но таа прво мислела дека се дрогирал.

„Затоа што бев дете! Имав 14 или 15 години… Моите зеници беа раширени. Се обидов да ѝ кажам што се случи, но можев само да почнам реченица, но не и да ја заврша. Па реков: – Ќе одам да спијам“, објасни тој, истакнувајќи дека мајка му не му дозволила да заспие.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Angus Cloud (@anguscloud)

„Ќе умрев. Таа ми даде малку вода и почнав да повраќам темноцрвена крв. Потоа ме однесе во детската болница и ми го спасија животот. Од таму е лузната. Ми ја пресекоа главата, ми ставија неколку шрафови и плочка каде што си го скршив черепот и ме сошија“, рекол актерот. Клауд поминал пет дена на одделот за интензивна нега, „наполнет со морфин“, по што започнало закрепнувањето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Angus Cloud (@anguscloud)

„Мозокот е многу кревок. Речиси како ништо да не се случило. Толку сум благословен што имам само мали оштетувања на мозокот. Знаете, тоа е толку безначајно што дури и не вреди да се зборува за тоа“, откри тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот