Англија во проблеми: За Мундијалот отпаѓа и Чилвел?

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Селекторот на англиската репрезентација, Герет Саутгејт се соочува со проблеми пред почетокот на Светското првенство во Катар.

Поради повреди веќе отпаднаа Рис Џејмс, Кајл Вокер и Калвин Филипс, а последен на оваа листа би можел да биде левиот бек Бен Чилвел. Фудбалерот на Челси заработи повреда во вчерашниот натпревар од Лигата на шампионите против Динамо Загреб.

Чилвел почувствувал болки во задниот бутен мускул. Засега не е познато од каков карактер е повредата, но стадионот го напушти со патерици. Освен тоа тренерот на Челзи Грем Потер изјави дека според него повредата не изгледа добро.

Денес треба да бидат направени детални прегледи после што би требало да се знае дали Англија ќе може да смета на услугите на Чилвел во Катар. Ќе потсетиме, Мундијалот стартува на 19. ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот