Англија ги заострува мерките поради новиот сој на коронавирусот

Фото: ЕПА/ЕФЕ

Во Англија, задолжителното носење маски во продавниците и во јавниот превоз се враќаат следната недела во рамки на серија ограничувања воведени поради новата варијанта на Ковид-19, наречена „омикрон“. Се очекува и останатите држави во Обединетото Кралство – Шкотска, Велс и Северна Ирска – да ги воведат истите ограничувања.

Премиерот Борис Џонсон рече дека ограничувањата се привремени и превентивни. На специјална прес- конференција, придружуван од клучните владини и научни советници Крис Вити и Патрик Валанс, премиерот објави дека омикрон се шири исклучително брзо и можно е дека се пренесува меѓу целосно имунизирани луѓе. Поради тоа е неопходно заострување на ограничувањата.

Џонсон рече дека луѓето нема да бидат спречени да патуваат, но во овој момент сите оние кои доаѓаат од странство ќе мора да направат ПЦР тест вториот ден и да се изолираат. Оние кои доаѓаат од земјите на „црвената листа”, на која во моментов има 10 земји од Јужна Африка, ќе бидат ставени во карантин во хотели. Ќе се обнови задолжителното носење маски во продавниците и во јавниот превоз, но не и во рестораните.

Повторно, посебно внимание се посветува на вакцинацијата со акцент на бустер дозите. Џонсон рече дека Заедничката комисија за вакцинација и имунизација во овој момент треба да одлучи дали навистина да ја намали старосната граница за трета доза на 18 години и да дозволи втора доза за деца на возраст од 12 до 15 години. Џонсон изрази уверување дека годинешниот Божик ќе биде многу подобар од претходната година. На островот се регистрирани два случаи на омикрон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот