Томас Тухел/фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Англичаните потврдија: Тухел ќе ги води на Европското првенство на домашен терен

Томас Тухел останува на клупата на англиската фудбалска репрезентација, откако денеска потпиша нов договор со кој се обврзува да ја води селекцијата до 2028 година, соопшти Фудбалската асоцијација на Англија.

Досегашниот договор на германскиот стратег истекуваше по завршувањето на претстојното Светско првенство, но челниците на ФА одлучија навреме да реагираат по успешниот квалификациски циклус. Воедно, одлуката доаѓа и во период кога Манчестер јунајтед покажал интерес за Тухел по разделбата со Рубен Аморим, таму во овој момент како привремен тренер е Мајкл Керик.

Според англиските медиуми, Тухел бил задоволен од можноста да ја предводи Англија не само на Мундијалот во САД, Мексико и Канада, туку и на Европското првенство 2028, кое ќе се одржи во Англија, Шкотска, Велс и Ирска. Завршницата на турнирот ќе се игра на „Вембли“, каде што се предвидени полуфиналните и финалниот натпревар.

Уште во ноември, Тухел најави дека е отворен за продолжување на соработката, истакнувајќи дека селекторската функција му ја „вратила енергијата“ и дека ужива во работата со играчите, како и во близината до Премиер лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот