Ангеловска: „Дуинг бизнис” потврди дека сме лидери во регионот е Европа за основање и водење бизнис

Македонија е најдобро рангирана во регионот и пред многу земји од Европската унија и затоа не може да се зборува за пад, изјави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска, одговорајќи на новинарско прашање за позиционирањето на земјава на 17-то место во најновиот извештај „Дуинг бизнис”, што е седум места подолу од претходната година.

– Не станува збор за пад. Зависи како се гледа и толкува. Добро е кога се споредуваме да ги видиме сите параметри. Северна Македонија е се уште најдобро рангирана во регионот. Ако ги погледнете сите земји од регионот ние сме далеку највисоко поставени. Од друга страна ако се споредиме со членките на ЕУ, 24 земји се под нас. Затоа не може да се зборува за пад. Ако ја видиме листата, ќе видиме колку развиени земји се зад Северна Македнија. Резултатите кажуваат дека сме лидери во регионот и во Европа во однос на условите за основање и водење бизнис – изјави Ангеловска.

Ангеловска најави дека Владата ќе направи анализи и ќе работи на натамошно поодбрување на сите периметри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот