Андрес Иниеста со емотивно видео ја заврши фудбалската кариера
Андрес Иниеста и официјално се прости од фудбалот. Легендарниот шпански играч за врска на својот Инстаграм профил објави видео во кое и официјално се збогува од играчката кариера.
На крајот од видеото во кое го потврди своето збогување, тој остави порака: „Играта продолжува“, а, според извештаите од Шпанија, тој во вторник ќе објави нов правец во кариерата.
Видеото започнува со прашање за Иниеста: Андрес, што е фудбал за тебе?, прашање на кое не можеше да одговори. Потоа имаше слики од целата негова кариера, од детството, со зборови од некои многу важни луѓе во неговата фудбалска кариера.
Луис Енрике го споредува со тоа мало момче чиешто мајка го натерала да си оди дома кога веќе немало светла на улицата. Сера Ферер, истакнува дека тој е еден од ретките луѓе „кој бил учител пред да стане студент“. Дебито му го овозможи токму Ван Гал, кој и покрај тоа што не беше баш фит, коментира дека „фудбалот постојано му бил на ум“. Пеп Гвардиола, најуспешниот тренер во поновата ера на Барса, му се заблагодари за „смиреноста што секогаш ја даваше“, нешто на што тренерот секогаш ќе му биде благодарен.
Висенте дел Боске, шпанскиот селектор во Јужна Африка, го истакнува натпреварот во Еспањол каде Барса победи, а Иниеста доби овации, а исто така и неговиот гест при прославата на голот во Јоханесбург. Конечно, Карлос Навал, делегат на ФК Барселона, изјави дека „никогаш не може да го напушти фудбалот“.