Фото: EPA-EFE/NOUSHAD THEKKAYIL

Андрес Иниеста ја почна тренерската кариера во Обединети Арапски Емирати

Време е уште една фудбалска легенда да се обиде како тренер. На 42-годишна возраст, Андрес Иниеста ја најде својата прва работа во тренерските води и ќе го води Галф јунајтед, клуб во близина на Дубаи од Обединети Арапски Емирати.

Ова е тим од втората лига кој постои само седум години, односно основан во 2019 година.

Поранешниот играч на Барселона заврши курс за тренерска лиценца од категоријата „А“.

-Галф јунајтед изгледа како идеално место за почеток на ново поглавје. Фудбалот ми даде сè, а сега сакам да возвратам, преку тренинг, образование и работа со млади играчи кои имаат желба и талент да стигнат далеку. Сакам да растам како тренер, да стекнам искуство и да стигнам до Про лиценцата – вели освојувачот на четири титули во Лигата на шампионите и три титули со шпанската репрезентација.

Во натпреварувачката сезона 2025/26, екипата на Гaлф јунајтед заврши на 10 место со 25 бодови во втората фудбалска лига на ОАЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот