Фото: ФФМ

Андов повика 23 фудбалерки за натпреварите со Унгарија

Селекторот на женската репрезентација, Александар Андов го соопшти списокот на фудбалерки кои ќе бидат во комбинација за настап во квалификациските натпревари против Унгарија.

Предводникот на националниот тим на располагање ќе има 23 фудбалерки кои во следниве денови ќе се подготвуваат во Охрид. Собирот е закажан за 10 април во Охрид

Првиот натпревар македонската репрезентација е на програмата на 14 овој месец во Битола, а почетокот на дуелот на стадионот Петар Милошевски е закажан за 16 часот. Вториот меч е на 18. април во Унгарија.

ГОЛМАНКИ

Евгенија Вељановска (ЖФК Скопје), Викторија Панчурува (ЖФК Тиверија-Брера), Берна Кабачки (Холандија)

ОДБРАНА

Слаѓана Ѓоргиева (ЖФК Тиверија-Брера), Ане Бошевска (ЖФК Тиверија-Брера), Павлинка Николовска (ЖФК Тиверија-Брера), Мила Панева (ЖФК Скопје 2014), Елена Паневска (Словенија), Ива Јовановска (ЖФК Љуботен), Катерина Петкова (ЖФК Спартак Суботица), 11 Рабија Дервиши (ЖФК Скопје), Лора Сулејмани (Франција)

СРЕДЕН РЕД

Теона Галабовска (ЖФК Тиверија-Брера), Билјана Паневска (ЖФК Тиверија-Брера), Хава Мустафа (ЖФК Љуботен), Александра Марковска (ЖФК Љуботен), Ева Величковска (ЖФК Љуботен), Мелани Цветковиќ (ЖФК Цирих), Бојана Петкова (Полска), Шкипе Салији (Ст. Хеисен, Германија)

НАПАД

Јована Павловска (ЖФК АС Јунатед), Меланија Грозданова (ЖФК Љуботен), Илза Максути (ЖФК Љуботен)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот