Анализирани снимки од дрон: Бугарска експертка посочи можни причини за несреќата

Дијана Русинова
Дијана Русинова од Европскиот центар за транспортни политики на Бугарија/ Фото Screenshot BTV

Дијана Русинова од Европскиот центар за транспортни политики на Бугарија анализираше снимки од дрон на патната делница на автопатот Струма, каде се случи големата несреќа со македонскиот автобус, пишува БТВ.

Според неа, задолжително треба да се одреди состојбата со патните ознаки во таа делница, како и неколку километри наназад, за да се види дали тие го збуниле возачот и довело до потешкотии при следењето на патот.

Сосема е можно знакот за островот да го немало или возачот да не го видел, или пак тој да заспал, смета експертот.

Според неа, на снимките од дронот јасно се гледа како тој откако изгубил контрола се обидел да го стабилизира автобусот, но потоа се удрил во заштитната ограда.

Тоа може да се случи. Но, не можам да кажам во кој точно момент се случило тоа, додаде таа.

Друга снимка покажува знак поставен на островот на коловозот. Според Русинова тој знак не бил правилно поставен и бил ставен премногу високо.

Тој знак треба да се постави пониско за да се гледа подобро, објасни Дијана Русинова.

Знакот не се гледа

Не сум сигурна дека овој знак бил таму и добро е да се провери дали е во урнатините, бидејќи на снимките не се гледа, додаде експертот за патишта.

Според неа, треба да се провери и светлосна рефлексија. Најверојатно возачот згрешил, рече Русинова.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ.

ВИДЕО | Сведоштво за несреќата: Пожарот почнал од парното во предниот дел каде имало туби со нафта, патниците се задушиле и изгореле

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот