Анализа: Во Британија најмногу електрична енергија се добива од обновливите извори

Обновливата енергија е во предност пред фосилните горива во Велика Британија во изминатата година. Таа е најголем извор на електрична eнергија, пoкажува анализа на органзиацијата Ember and Agora Energiewende.

Биомасата, сончевата светлина, ветрот и хидроцентралите претставуваат 42 отсто од произведената електрична  енергија во Британија во 2020 година. Фосилните горива, претежно гас, се 41 отсто. Во 2019 година обновливите извори на енергија беа 37 отсто, а фосилните – 45 отсто.

Неодамна, премиерот Борис Џонсон вети четирикратно зголемување на ветерните турбини во следните десет години, како дел од планот за постигнување неутралност на јаглерод до 2050 година.

Велика Британија е домаќин на климатскиот самит на ОН, COP26 во Глазгов во ноември.

Извор:МИА

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот