Анализа на „Вашингтон пост”: Трамп лаже над 50 пати во просек на ден, од 27 август кажал 22.247 лаги
Американскиот претседател Доналд Трамп кажува повеќе од 50 лаги во просек на ден, се вели во анализата на фактите што ја направи американскиот весник „Вашингтон пост”.
Препорачано
Додека претседателот Трамп влезе во финалната фаза од изборната кампања, тој почна да кажува повеќе од 50 лаги или лажни обвинувања дневно. Станува толку лошо што тимот за проверка на фактите не може да постигне во анализата, пишува весникот.
Заклучно со 27 август, претседателот кажал 22.247 лаги за 1.316 дена.
Весникот забележува дека на тој датум претседателот одржал говор во врска со прифаќањето на номинацијата на Републиканската партија.
– Можевме да ја ажурираме базата на податоци само до тој момент. Веќе заостануваме осум недели. Овие податоци ги ажирураме воглавно во слободното време, што е додаток на нашата секојдневна работа, пишува „Вашингтон пост”.
Во анализата на весникот се наведува дека „во 2017 година, Трамп лажеше во просек по шест пати на ден и од тогаш се зголемува на 16 пати на ден во 2018 година и 22 пати во 2019 година. Досега во 2020 година, шефот на државата во просек кажуваше 27 лаги на ден. Со ова темпо, претседателот веројатно ќе излажеше повеќе од 25.000 пати пред изборите“.


